Aqarelle lips Blush - траен кармин

Aqarelle lips Blush - траен кармин

Aqarelle lips Blush – траен кармин

✨ совршен изглед на вашите усни
✨ водоотпорен кармин
✨ кратење на дневната рутина за шминкање
✨ ја зголемува самодовербата
✨ корекција на асиметрија
✨ брзо закрепнување
✨ помлад и поздрав изглед

❗️ трајност 1-3 години /
* трајноста варира кај различни типови на кожа и исто така зависи од бојата на користениот пигмент, при што потемните бои, обично траат подолго.
Можно е да се потребни дополнителни третмани во зависност од личноста и посакуваниот изглед!
Дополнителните третмани се наплаќаат 15€!

Трајниот кармин е полутрајна форма на шминка што им дава на усните одредена боја и поцелосен изглед. Тоа е поактуелен и поприроден пристап во однос на традиционалното тетовирање при што се користат природни нијанси на органски пигмент на вашата посакувана боја со помош на козметичка машина за тетовирање.

Полутрајната шминка е идеална за жени со активен животен стил и клиенти со бледи и избледени линии ма усните.

Трајниот кармин може да создаде илузија на пополни усни❕

❗️ Грижа по третманот
-> чувајте ги усните хидратирани во секое време!
-> Избегнувајте мрсна и зачинета храна и пијте со сламка првите 48h
-> по секој оброк, нежно исплакнете ги усните со вода и повторно нанесете маст или лабело
-> не ги тријте усните
-> Не ги гребете усните

Помеѓу првите 10 дена усните ќе го започнат и завршат процесот на лупење, а бојата ќе осветли за 30%-50%

❕❕ Трајната шминка до 90% од случаите предизвикува реактивирање на вирусот Херпес. Херпесот е типична реакција кај трајниот кармин и не е показател за неправилно изведен третман или недостаток на безбедност❗️
По третманот присутен е оток!
До 70% од отокот се намалува во првите 24h
Целосно намалување на отокот имаме по 3-14дена!

Погледнете дел од нашата успешна работа

Закажете го вашиот термин уште денес

Побарај Термин

Потполнете ги потребните полиња и одберете го посакуваниот датум, а ние ќе Ве контактираме во најскоро време.