Дермапен
dermapen - microneedling
Дермапенот е одличен за намалување на фините линии и брчки, лузни од акни и подобрување на тенот на кожата.
ЗА ШТО СЛУЖИ ДЕРМАПЕНОТ?
Фини линии и брчки
Процесот на заздравување се успорува како што старееме. Дермапенот креира микро повреди на нашата кожа кои се тригер да нашето тело го започне процесот на заздравување. Откако при овој процес ќе се стимулира производството на колаген и еластин, нашата кожа ќе изгледа хридратирана и освежена, што ќе ја намали појавата на фините линии и брчки.
ЛУЗНИ ( Лузни од акни )
Во однос на лузните, дермапенот го користи истиот принцип како и кај намалувањето на фините линии и брчки. Со активирање на заздравувачкиот одговор на телото се создаваат и стимулираат нови клетки, што значи дека кожата со лузни, особено лузни од акни, се подмладува и се поттикнува да заздравува со помазна и посуптилна структура.
Посветеноста и редовноста во третманите за оваа проблематика се особено битни.
Со нашиот тим заеднички ќе направиме план за сесии за да можеме да добиеме најдобри резултати.
ГОЛЕМИ ПОРИ
Порите можат да бидат чест проблем кај клиентите. При microneedling третманот, микротенките иглички продираат во кожата со што се активира производството на заздравување што резултира со мазен и затегнат изглед на кожата, намалувајќи ги знаците на проширени пори.
КОГА СЕ ЗАПОЧНУВА СО МЕСОТЕРАПЕВСКИ ТРЕТМАНИ?
- со мезотерапија може да се започне од 25 годишна возраст
- 25-30 години – мезотерапевтски третман се прави минимум еднаш во три месеци
- 35-40 години – мезотерапевтски третман се прави минимум еднаш во два месеци
- 45+ години – минимум еднаш месечно.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
- Алергии или индивидуални нетолерации кон препаратите
- Бременост или доење
- Хемофилија, тромбоцитопенија
- Кардиоваскуларни и бубрежни слабости
- Акутни заразни состојби
- Ендокрини нарушувања ( дијабетес мелитус зависен од инсулин)
- Мозочен удар
- Малигни заболувања (само при примена на хемо терапија)