Свилени трепки

Свилени трепки
Свилените трепки можат да изгледаат многу природно или многу гламурозно. Тоа зависи од индивидуалната желба и потреба на клиентот. Бидејќи се со многу мала тежина тие најчесто се најдобра опција за Вашите трепки, доколку Вашите природни трепки се слаби или нежни.
Свилените трепки , се свилени влакна на синтетичка основа, а не вистинска свила, бидејќи вистинската свила е прилично мек материјал кој не би можел да ја задржи својата извиткана форма.
- Свилените трепки можат да имаат природен или драматичен изглед
- Свилените трепки се долготрајни кога се правилно нанесени
Пред почетокот на третманот консултирајте се со нашите вработени за тоа кои свилени трепки би биле најдобриот избор за вас . Ви препорачуваме да го пронајдете вистинскиот стил, должина и модел кој ќе одговара на Вашите очи.
По ставањето на свилените трепки
- 24часа не ги наводнувајте
- за време на носењето не нанесувајте шминка и маскара на нив
- не ставајте креми и масла
- редовно чешлајте ги со четкичка која ќе ви биде дадена по завршување со третманот
Класик свилени трепки – 1300 денари
Light Волумен – 1600 денари
Mega Волумен – 1900 денари
Russian Волумен – 2500 денари
Корекција: 900-1300 денари