ЗА НАС
Студио 118 е салон за убавина во Скопје. Нудиме разни козметички услуги како мадеротерапија, лифтинг на трепки, топла и ладна депилација, PhiBrows техника за исцртување на веѓи и сл. Со многу труд и љубов кон она што го работиме , за кратко време успеавме да стекнеме доверба кај нашите клиенти, а сето тоа благодарејќи на нашиот тим од професионалци, обучени со највисоки светски стандарди.
Ние сме секогаш подготвени да ја оствариме Вашата замисла и цел, како и на Вашите прашања да дадеме одговори и совети за тоа како правилно да одржувате нега и убавина на Вашата кожа, лице и тело. Доколку сте заинтересирани за начинот на работа, како и услугите, или пак едноставно сакате да го закажете Вашиот термин, обратете се на нашиот телефонски број, преку нашата контакт форма или пак посетете го нашиот салон.