Powder brows

powder-brows

Пудра/омбре веѓи

 
 
– Микропигментација -Powder brows – е нова техника за разубавување и истакнување на природните црти на лицето.
Со оваа техника веѓите се засенчуваат и исполнуваат, без строги контури и контрасти.
Третманот се изведува со посебна машинка со која пигментот се внесува во површинскиот слој на кожата.
Крајниот резултат се исполнети веѓи со омбре ефект, односно бојата варира од посветла на почетоците до потемна на краевите на веѓите.
🔹️ Појава на благ оток и црвенило , еден до два дена по третманот.
🔹️ При процесот на заздравување се губи околу 30 % од пигментот.
🔹️ По третманот, можно е веѓите да изгледаат по темни:  – по 6 дена ќе изгледаат доста по смирено а по 10 дена ќе се добие исклучително природен изглед
првите 7 дена
❌ не посетувајте солариум
❌ доколку сте изложени на сончеви зраци, обевезно носете капа или шешир
❌ потрудете се, претерано да не се потите
❌ никако не нанесувајте шминка или други препарати освен препишаната крема на веѓите
* не почитувањето на овие инструкции може да доведе до губење на пигментот
* Времетраење на третманот: 2 часа
* Трајност: до 2 години (зависно од типот на кожата)
* Идеално време за освежување на бојата и одржување на формата е на 9 до 12 месеци
* Првата корекција (4 до 6 недели по првиот третман) е вклучена во цената
❗ Ненавремено направената корекција, се смета како редовно одржување на формата и се наплаќа 50% од редовната цена

Цена на третманот: 8000 денари

Погледнете дел од нашата успешна работа

Закажете го вашиот термин уште денес